Во Нагасаки, папата Фрањо ја славеше првата Света Литургиаја по неговото пристигнување во Јапонија. Од раните од минатото и од искуството на болка доживеано на тоа место, неговиот повик до сите се крена да не попуштат на рамнодушноста, туку да го кренат својот глас во заштита на сите што страдаат, сите невини жртви на денешните војни и оние од минатото.
Нагасаки, јапонски град длабоко ранет од нуклеарно уништување, e современа Голгота, а неговиот народ, собрани на евхаристиското славје предводено од папата Фрањо на еден бејзбол стадион, се повикани да не молчат, туку да го кренат гласот во исповедање на својата вера и во заедничка молитва за сите невини кои во сопствените тела страдаат заради некогашните и денешните војни и како во светот би имало повеќе пророци на вистината, праведноста и мирот во светот. Папата зборуваше за ова во проповедта, коментирајќи го евангелието од Лука, прочитано на јапонски јазик, за време на првата Света Литургија славена во Јапонија, како дел од 32: Апостолско патување на папата Фрањо.
Рамнодушноста го нема последниот збор
Голготата, место на загуба и неправда, каде што немоќта и недоразбирањето ги придружуваат тивките и рамнодушни мрморења на „дежурните“ исмејувачи пред смртта на невин човек, се претвораат, благодарејќи на доброто однесување на разбојникот, во збор на надеж за целото човештво. Потсмевањето и викотниците „спаси се сам себе“ упатени до невиниот човек во маки нема да бидат последниот збор; згора на тоа, тоа ќе го поттикне гласот на оние кои дозволуваат нивните срца да бидат допрени и го избираат сочувството како вистински начин за правење историја – рече Папата.
Спасението на Отецот им се нуди на сите
Како добриот разбојник – продолжи тој – и ние ја познаваме нашата историја на неуспех, грев и ограничување, но не сакаме таа да ги одреди сегашноста и иднината. Лесно е, имено, да се изгуби сеќавањето за тоа што значи да се издржи страдањето на многу невини луѓе – забележа тој. Ова се простори, како малку други, кои ја искусија разорната способност до која може да дојде човечко суштество.
Затоа, како добриот разбојник, сакаме да живееме во еден момент кога можеме да го кренеме својот глас и да ја исповедаме својата вера поради заштита и служење на Господ, Невиниот кој страда. Сакаме да ја следиме неговата мака, да го поддржиме во неговата осаменост и напуштеност и уште еднаш да слушнеме дека спасението е зборот што Отецот сака да им го понуди на сите: „денес ќе бидеш со мене во рајот“.
Да не се препушти на зло, да се биде квасец на надежта
Да појдеме од трагата на илјадници јапонски маченици – поттикна Папата – кои биле сведоци на спасението што ни го нуди Исус, и сигурноста која што Христос ја даде на крстот ја надминува секоја омраза, егоизам и навреда или злобен одговор, каков било рамнодушен песимизам или примамлива благосостојба што ги умртвува добрите дела. Христос е жив меѓу нас и нè сака живи. Христос е нашата надеж – истакна Папата и спомена дека нашето послание на ученици мисионери не дозволува да се предаваме пред злите, туку нè охрабрува да бидеме квасец на Неговото Царство каде и да сме; во семејството, на работа, во општеството. Ни дава да бидеме мал отвор преку кој Духот продолжува да дува надеж меѓу народите – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк