Предупредувајќи на прогонството на верските малцинства, христијанските активисти во Берн, Швајцарија истакнуваат дека христијаните статистички најчесто се жртви на насилство.
Водачот на работните групи на „Прогонство сега“ (Verfolgung.jetzt) Кристијан Форстер порачува „дека верската слобода никогаш не била прекршувана како денес, а состојбата, за жал од година во година се влошува.“ Моментално секој осми христијанин е дискриминиран и прогонет заради својата вера. Форстер ја повикува швајцарската влада и меѓународната заедница да обратат внимание на тој загрижувачки развој на ситуацијата. Во одредени земји верската слобода премногу често се занемарува. „Приоритет имаат економските интереси на сметка на заштитата на човековите права, од кои и верската слобода е составен дел,“ истакнува Форстер.
Работната група „Прогонство сега“ е дел од работните групи за верска слобода на Швајцарскиот евангелски сојуз кој собира разни христијански организации. Се повикуваат на податоци од Светскиот индекс за прогонство 2021, на меѓународната христијанска организација „Отворени врати“ (Open Doors) според кои бројот на христијани убиени исклучиво заради верата минатата година од 2983 пораснал на 4761. Деветмина од десет од тие се убиени во Африка, јужно од Сахара, често во исламистичко насилство. Во Нигерија минатата година убиени се 3530 христијани.
Ватикан њуз/к.мк