Веронаучната група од Свети Иван Крстител во посета на деца со интелектуална попреченост

Во организација на младите волонтери од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица, децата од веронаучната група при парохијата во четврток 23 јуни 2015 година ги посетија децата во Центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост Порака во Струмица. На средбата преку креативна работилница се изработуваа и украсуваа глинени украси.

Целта на оваа посета е да се покаже христијанската љубов кон ближниот и да се доближат лицата со интелектуална попреченост до децата и младите без пречки во нивниот ментален развој.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот