Во организација на Радио Марија и во соработка со парохиите од Струмичко – скопската епархија од 23 до 27 мај 2019 година се одржа поклонение во Меѓугорје, Босна и Херцеговина. На поклонението учество зедоа 50 верници од различни парохии.
Поклонението го започнаа со света Литургија, која се служеше о. Гоце Костов во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица.
За време на престојот во ова поклоничко место верниците беа на Крстнииот пат поставен на Крижевац. Додека се искачуваа по стрмните патеки на Крстниот пат, поклониците размислуваа за постојките од него и молеа света Бројаница, во која ги вклучија молитвените накани на сите оние што се препорачаа. На местото Подбрдо поклониците молеа Света Бројаница. При учеството на попладневната програма наменета за поклониците, верниците ја искористија можноста за Исповед.