Во центарот на заседавањето на Венецуелската епископска конференција која траше од 7 до 12 јануари се анализира драматичната ситуација и предизвиците со кои се соочува населението во таа земја
Статистичките податоци за животните услови во Венецуела покажуваат прогресивно влошување. Сиромаштвото во таа земја е во пораст како и стапката на невработеност, а повеќе од 87% од семејствата во Венецуела страдаат заради недостаток на храна.
На 7 јануари започна пленарното заседавање на Венецуелската епископска конференција која траеше до 12 јануари, а отворена е со пораката на претседателот на конференцијата, надбискупот Хозе Луис Азуаја Ајал кој е отсутен заради здравствени проблеми.
Надбискупот во пораката меѓу останатото предупредува дека населението во таа земја се наоѓа во морално недозволена ситуација, во која институционализираното насилство е попратено со лаги и манипулација. Освен тоа истакнува дека моќта во таа земја има предност пред вистината.
Сè е свртено на моќта и на заземањето простор – порача надбискупот и истакнува дека им се потребни водачи кои со својата мирност и визија за иднината на населението ќе му дадат поттик. Разумот мора да преовлада над агресивноста и омразата кои нè уништуваат – стои во пораката.
Освен тоа, епископите од верниците во Венецуела побараа да се обединат со припадниците на другите религии во заштитата и промовирањето на правата и обврските на сите.
Ватикан њуз/к.мк