На аукцијата во рамките на иницијативата „We run together“ велосипедот на папата Фрањо е продаден на 18 јуни за 30 илјади евра.
Папата Фрањо од светскиот првак, Словакот, Петер Саган доби тркачки велосипед во боите на Ватикан, со името на Папата и аргентинското знаме. Папата го даде на аукција за добротворни цели во рамки на иницијативата „We run together“ која организира трки во која трчаат рекреативци заедно со олимпски победници, параолимпијци и друг врвни спортисти. Еден од организаторите на трката е и клубот Athletica Vaticana.
Ова година трката не се одржа поради пандемијата со коронавирусот, но од 8 јуни е во тек аукцијата на предмети кои ги подарија спортисти и други познати личности, како и други понуди.
Кога започна аукцијата за велосипедот на Папата беа понудени 230 евра, а пристигнаа уште 59 понуди, од кои највисоката изнесуваше 30 илјади евра.
Аукцијата трае до 8 август. Сите собрани средства се наменети за болницата Иван XXIII. Во Бергамо, како и за Poliambulanza во Бреша.
Ватикан њуз/к.мк