На Велики Четврток епископот Стојанов служеше света Литургија во Струмица

На Велики Четврток епископот Стојанов служеше света Литургија во Струмица

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на Велики Четврток, 21 април 2022 година, во заедништво со свештениците од Струмичко – скопската епархија служеше света Василиева Литургија со Вечерна, на која освети миро и го изврши обредот миење нозе.

На почетокот од својата проповед епископот Стојанов рече дека на овој ден Господ Исус Христос ги воспостави светите Тајни Евхаристија и Свештеничко ракополагање и во таа прилика го честита празникот на свештениците и чесните сестри Евхаристинки, кои пак токму на Велики Четврток, 21 април 1889 година се основани во Солун.

Зборувајќи за миењето на нозете на апостолите, епископот Стојанов истакна дека со тоа Исус сакаше на сите нам да ни даде пример и истакна: Кога човек се понижува за да може да прави добро, тој всушност со тоа се возвишува. Понижувањето во служба на доброто станува возвишување. Секое направено добро дело го прави човекот повреден, додека секој пропуст да се направи добро ја намалува неговата вредност.

.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот