Велики Четврток во Струмица

Велики Четврток во Струмица

На Велики Четврток, 29 април 2021 година, во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов служеше света Василиева Литургија со Вечерна, во заедништво со свештениците од Струмичко – скопската епархија. За време на светата Литургија епископот Стојанов го освети мирото, а кон крајот од службата го изврши обредот предвиден за денешната литургија.

Во својата проповед епископот Стојанов го честита празникот на свештениците и сестрите Евхаристинки. Тој се осврна и на евангелските извештаи за Последната вечера на Господ со своите ученици, неговиот проштален говор, миењето на нозете, воспоставувањето на Светата Евхаристија и Светата Тајна Свештенство, при што ќе истакне: „Ние се сметаме за Исусови пријатели, негови ученици. За да бидеме вистински, зборовите на Исус од Последната Вечера нека нѐ потсетуваат и предупредуваат“ и ние да го следиме неговиот пример во служењето еден на друг.

Светата Литургија се служеше со придржување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот