Велики Четврток во Струмица

На Велики Четврток, 28 април 2016 година во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, Н.В.П. монс. др. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во заедништво со сите свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.служеше света Архиерејска Василиева Литургија.

Во својата проповед епископот Стојанов истакна дека на Велики Четврток Христос ја основа светата Тајна Евхаристија, преку која христијаните се препознаваат, воспоставувајќи го новиот и вечниот сојуз помеѓу Бог и човечкиот род. На Последната вечера Исус им даде пример, миејќи им ги нозете на своите ученици, како треба еден на друг да си служат.

На крајот од својата проповед владиката Стојанов своите честитки ги упати до „браќата свештеници, бидејќи на овој ден е основана светата Тајна свештенство, но исто така моите честитки ги упатувам и до сестрите Евхаристинки.“

За време на  Литургија Н.В.П. монс. др. Киро Стојанов го посвети Светото Миро, а потоа на дванаест верници, кои ги симболизираат дванаесетте апостоли, го изврши и обредот миење нозе.

к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот