Велика Среда

Велика Среда

Вака отприлика според Евангелијата изгледала среда во Страсната седмица во времето на Исус

На тој ден Синедрионот одлучува да го фатат Исус. Јуда им ја нуди својата соработка. Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?” А тие му предложија триесет сребреници. И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде. (Матеј 26,14-25).

Некои толкувачи на новозаветните книги велат дека Јуда не го предал Исус заради пари, туку од политички причини. Ако го предадам Исус, си мислел Јуда, ќе биде принуден да се брани, а тоа пак ќе биде повод за востание, бунт против Римјаните.

После тој чин на Јуда, учениците многу се натажиле, имено сите до еден биле чесни и најискрено го сакале Исус. Ни на крај памет ни им паѓало дека меѓу нив може да се најде некој, кој би бил во состојба да му нанесе на Исус било каква навреда. Според тоа, од подлото предавство на Јуда не бил погоден само Исус, туку на целата заедница фрлил убиствена сенка.

ОСЗД/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот