Велигденски концерт во Скопската катедрала
Во духот на Велигден се одржа Велигденски концерт 06 април 2015 година во Катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, а во изведба на катедралниот хор при истоимената Католичка црква, хор кој редовно изведува песни за време на литургиските прослави во катедралата но и низ другите цркви во Македонија.
Концертот се одржа под диригентско водство на сестра Татјана Атанасова, и професор Марија Докузова која беше зад оргулите, но исто така звуци на оргулите ни пренесе и богословот Емануел Матес.
Беа изведени дела од разни автори како : J. S. Bach, F. Schubert, W. A. Mozart, Vivaldi, John Williams, T. Albinoni, G.F. Handel, и други реномирани автори. Звуците на тие дела беа во изведба на Будимка Имери – флејта, Јулија Нелковска – виолина, Висоон трио: (Кристијан Зефиќ – виолина, Петар Смилев – кларинет, Георги Калајџие в- фагот) , Антон Јаковски -хармоника. За прекрасното пеење што ја исполнуваше катедралата, беа задолжени: Серафина Фантаузо – сопран, Нарциса Тунтева – сопран, Антонија Матиќ – Лазаревска и Кристина Томкиќ.
Воведен збор упати Дон Давор Топиќ, а на крај зборови на благодарност искажа Монсињор Антун Циримотиќ .
Чувството на исполнетост и духовност, после концертот се чувствуваше низ целата катедрала. Луѓето меѓу себе уште еднаш си посакаа среќен и благословен Велигден, а мојата маленкост би додала до следната средба останете во мир и добро расположение.
к.мк/ подготви: Јадранка Чадиновска
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи
Македонски Каритас реализира проект за ублажување на последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19

