Во пресрет на прославата на јубилејот 25 години од епископството на монсињор Киро Стојанов, кој ќе го прослави во четврток 5 септември 2024 година, на празникот Света Мајка Тереза, вообичаено е за еден таков јубилеј да се направи обид да се доловат во неколку реченици тие 25 години. И навистина мора да се признае дека не е возможно да се опфати сѐ, како луѓе така и настани.
Но она што е намерата на оваа статија е со едноставни зборови да се искаже благодарност за 25 годишното пожртвувано служење на епископот Стојанов на Црквата во Македонија.
Затоа, Ваше Преосвештенство монсињор Стојанов, искажуваме благодарност за вашата посветеност апостолската визитатура да прерасне во Апостолски егзархат, а егзархатот да биде воздигнат во епархија Струмичко-скопска. Благодариме за бројните ново изградени цркви и парохиски куќи. Благодариме за Паљурци. Благодариме за изградбата на живата Црква. Благодариме за вашата гостопримливост во епископската резиденција, каде што можеме секогаш да наидеме не само на широко отворени врати, туку и на уште пошироко отворено срце за поддршка и охрабрување. Благодариме за пасторалните посети во парохиите, за што секогаш наоѓате време. Благодариме за пасторалните писма, катехези и проповеди, ходочестија. Благодариме за молитвите и молитвените охрабрувања. Благодариме за пожртвуваноста и посветеноста папата Фрањо да ја посети Македонија. Благодариме…. Благодариме на Бога за дарот на Вашето епископство.
Ваше Преосвештенство, монсињор Киро Стојанов, нека ви е честит јубилејот 25 години епископство и Ви благодариме за сѐ.
Посакуваме и молиме Господ Бог да ви дарува изобилен благослов за понатамошно вршење на апостолската служба, а Пресвета Богородица постојано да ве закрилува под нејзиниот покров.
Сигурно и вие, почитуван читателу, во вашето срце носите некоја благодарност до епископот Стојанов.
На многаја и благаја лета владико!