Ватикан ќе ја забрани продажбата на цигари

Ватикан ќе ја забрани продажбата на цигари

Светиот Отец одлучи од 2018 година во Ватикан повеќе да не се продаваат цигари – стои во соопштението на Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Причината е многу едноствна: Светиот Престол не може да придонесува на активност која очигледно штети на човечкото здравје.

Според информациите од Светската здравствена организација (WHO), секоја година како последица од пушењето во светот умираат седум милиони луѓе . И покрај тоа што продажбата на цигари на вработените и пензионерите во ватикан претставуваа извор за приход на Светиот Престол, сепак профитот не може да биде легитимна причина ако го загрозува животот – стои на крајот од соопштението.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот