Ватикан ја потврди науката за спасение како одговор на културните промени

Ватикан ја потврди науката за спасение како одговор на културните промени

Во писмото насловено „Placuit Deo“, упатено до епископите на Католичката Црква, Конгрегацијата за наука на верата размислува за некои аспекти на христијанското спасение.

Во писмото насловено „Placuit Deo“, упатено до епископите на Католичката Црква, Конгрегацијата за наука на верата размислува за некои аспекти на христијанското спасение, кои денес можат да бидат тешко разбирливи поради неодамнешните културни промени, а во своето излагање документот се потпира на големата традицијата на верата и учењето на папата Фрањо.

Писмото на посебен начин се фокусира на две современи склоности: од една страна еден вид на „неопелагијанизам“, односно индивидуализам кој тврди дека луѓето можат да се спасат со сопствен напор; од друга страна пак облик на „неогностицизам“, поглед на спасението кое би се состоело исклучиво на внатрешното единство со Бог, одбивајќи односи со другите луѓе и со целото создание. Папата Фрањо, како што стои во писмото, често во своето редовно учителство упатува на тие две склоности кои наликуваат на одредени аспекти на две стари ереси, а не се идентитчни.

И неопелагијанскиот индивидуализам и неогностичкото занемарување на телата ја искривуваат исповедта на верата во Христос, единствениот општ Спасител – стои во документот. Во светлина на тие два тренда ова писмо сака повторно да потврди дека спасението се состои во нашето единство со Христос кој преку своето овоплотување, смрт и воскресение донесе на светот нов вид на однос со Отецот и меѓу луѓето и нас нè воведе во тој ред на милост, благодарение на дарот на Духот за да можеме да се соединиме со Отецот како синови во Синот и да станеме едно тело во првородениот меѓу многу браќа.

По размислувањето за тоа како современиот свет гледа на христијанското спасение, во централниот дел на документот станува збор за човечката желба за спасение; за единствената улога на Исус Христос како Спасител; и за спасението во Црквата, телото Христово. На тој начин го објаснува Божјиот план за спасение преку Христос и Неговата Црква, истакнувајќи дека спасителното дело со кое нè ослободува така и нашето воздигнување за да имаме удел во божествениот живот на Пресветата Троица. Исто така упатува на неопходноста од светотаинска „економија“ преку која Бог сака да ја спаси човечката личност.

Тој поглед на христијанското спасение, спротивно на тенденциите на неопелагијанизмот и неогностицизмот, неопходно ги повикува христијаните да станат мисионери навестувајќи ја радоста и светлината на Евангелието. Тоа вклучува исто така искрен и конструктивен дијалог со припадниците на другите вероисповеди, уверени дека Бог може „сите луѓе со добра волја во чии срца со милоста невидливо делува“ да ги доведе до спасение во Христос. Додека со сите свои напори се посветува на евангелизацијата, Црквата продолжува да го повикува конечното доаѓање на Спасителот, „та во надежта сме спасени“ (Рим 8, 24)

Целосното спасение на душите и телата е конечната судбина на која Бог ги повикува сите луѓе – стои во писмото и завршва: Засновани на верата, поддржани од надежта, делувајќи во љубовта, со примерот на Марија Мајката на Спасителот и прва меѓу спасениете, сигурни сме дека „нашето живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така, така што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата, преку која што Он може и да потчинува под Себе сè.“ (Фил 3, 20-21)

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот