Папата Фрањо со голема загриженост го следи развојот на настаните помеѓу Северна Кореја и Соединетите Американски Држави – рече во разговор за Радио Ватикан поранешниот постојан набљудувач на Светиот Престол при Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, надбискупот Силвано Марија Томази.
Во меѓувреме се повеќе се заоструваат односите помеѓу севернокорејскиот претседател Кин Јонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп. Северна Кореја најави изготвување на план за лансирање на четири ракети со среден дострел на американскиот остров Гуам, кој се наоѓа во Тихиот океан, додека од друга страна Трамп порача дека е подготвен да се соочи со Пјонгјанг со „бес и оган“ ако не престане да му се заканува на САД. Тоа повеќе не може така – предупреди надбискупот Томази – Потребен е дијалог, а не zveckanje orмафтање со оружје.
Тој потсети на тоа како папата Фрањо редовно инсистира дека патот кон напред е оној на дијалогот и вклучувањето на сите во преговорите, во потрага за општо добро. Надбискупот Томази потоа предупреди дека патот на конфликтот секогаш е погрешен и затоа треба да вложиме време, енегрија, пари и ресурси за да избегнеме кризни ситуации како ова помеѓу САД и Северна Кореја. Исто така рече дека е клучно да им се помогне на општествата да го подобрат квалитетот на животот на луѓето, наместо да градат ѕидови. Но, за тоа да се оствари, потребно е да се промени јавната култура, инсистирајќи на тоа дека патот кон напред не се состои во поседувањето на најновите воени технологии, туку во пристапот за вклучување и учествување во градењето на општото добро на човечкото семејство.
Ватиканскиот дипломат истакна дека е интересно што минатиот месец на состанот во седиштето на Обединетите нации повеќе од 120 земји го усвоија договорот за забрана на нуклеарно оружје. Тоа покажува дека на светско ниво се повеќето земји кои се против таквиот вид на оружје, но за жал, постои одредено малцинство кои цврсто се држи за нуклеарното оружје, а некои земји моментално настојуваат да го набават ваквиот вид оружје. Ние како христијани мораме да одиме по патот на мирот и да ја зајакнуваме културата на дијалогот – рече надбискупот, додавајќи дека постои само еден единствен пат кој ќе овозможи да живееме во безбедност, а тој е ниту една земја во светот не смее да поседува нуклеарно оружје.
На 9 август 2017 година е одбележана 72 годишнината од американскиот напад со атомска бомба на јапонскиот град Нагасаки. Католичкиот прелат смета дека Северна Кореја и САД треба да извлечат поука од тоа. Тоа што е страшно од таа бомба – продолжи ватиканскиот димпломат – е што уништува сѐ, и цивилно и воено во еднаква мерка. Тоа е целосно неприфатливо. Незамисливо е и понатаму да постојат луѓе кои користењето на тоа оружје го сметаат за возможно. Неопходно е, подобро да се информира и поучи јавноста и да се потсети на конкретните последици од употребата на таквото оружје – заврши надбикупт Силвано Томази.
РВ/к.мк