Ватикан и Мјанмар одлучија да воспостават дипломатски односи

Ватикан и Мјанмар одлучија да воспостават дипломатски односи

Светиот Престол и Република Унија Мјанмар, со желбата за промовирање на меѓусебните пријателски врски, одлучија да воспостават дипломатски односи на ниво Апостолска нунцијатура од страна на Светиот Престол и амбасада од страна на Мјанмар”. Ова го соопшти ватиканскиот прес-центар кратко по средбата на папата Фрањо со г-ѓа Аунг Сан Су Чи, симбол на отпорот против диктатурата во Мјанмар и наградена со Нобелова награда за мир во 1991, а денес министер за надворешни работи на земјата и симбол на демократскиот пресврт во поранешна Бурма.

Средбата меѓу папата и Аунг Сан Су Чи беше од приватен карактер и траеше 23 минути. При традиционалната размена на дарови министерот за надворешни работи на Мјанмар на Папата му подари традиционален предмет од алабастер, а папата Фрањо подари копии од постсинодалниот апостолски поттик „Amoris laetitia” и апостолскиот поттик „Радоста на Евангелието“, како и копија од енцикликата „Laudato sii”.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот