Ватиканскиот портпарол за Завршниот документ од Синодата: Папата сака транспарентност

„Папата Фрањо даде согласност за објавување на Завршниот извештај на Синодот (Relatio Synodi)“. Ова го соопшти ватиканскиот портпарол, отец Федерико Ломбарди на брифингот со новинарите, одржан во прес-центарот на Светиот Престол. Документот беше одобрен со гласање на 62-та параграфи, еден по еден, со двотретинско мнозинство. Три од параграфите што се однесуваат на примање на светите тајни од страна на разведените кои се во нов цивилен брак и на хомосексуалците, добија само апсолутно мнозинство.

„Папата посака извештајот да биде објавен, за да има транспарентност и јасност и да се покаже колку гласале „за“ и колку „против“, точка по точка, за да нема недоразбирања“. Со овие зборови отец Ломбарди ја соопшти одлуката на папата Фрањо за објавување на Relatio Synodi, придружена со табела на гласовите. Во суштина заклучниот документ ја повторува формата и главните прашања од „Извештајот по дискусиите“, претставен на 13 октомври од главниот известувач на Синодата, кардиналот Петер Ердо, но содржи и голем број од вкупно 470-те амандмани претставени од синодалните отци во работните групи:

„Поконкретно за одбележување е проширената презентација на првите два дела, побарано од работните групи за балансирање на извештајот како целина – да не се зборува само за предизвици и тешкотии, туку да се вклучи и позитивниот аспект на семејството“.

„За секој од наведените ставовите постигнавме познат консензус, но прашањето треба да биде разгледано во суштината подлабоко, бидејќи е очигледно дека согласноста на Синодата треба да биде осмислена“.

Во споредба со „Извештајот по дискусиите“, конечениот извештај „Relatio Synodi“ не се потпира повеќе на принципот на постепеност, не зборува за децата кои живеат со хомосексуални парови и потврдува категорично дека еднополовите заедници не можат да се споредуваат со бракот помеѓу маж и жена.

Додадени се и нови теми, на пример, желбата за процедурите на поништување на црковните бракови да бидат бесплатни, внимание за меѓународните посвојувања на деца, немир од феноменот на порнографијата, изопачената употреба на веб страниците и проблемот со жените и децата, жртви на сексуална експлоатација.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот