Бројаница за Папата на плоштадот Свети Петар

Бројаница за Папата на плоштадот Свети Петар

На плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе се моли Света Бројаница за Папата, со учество на кардинали, вработени во Римската курија и институции на Римската бискупија.

„Почнувајќи од оваа вечер, кардиналите кои престојуваат во Рим, заедно со целиот персонал на Римската курија и Римската бискупија, изразувајќи ги чувствата на Божјиот народ, во 21.00 часот ќе се соберат на плоштадот Свети Петар за да молат Света Бројаница за здравје на Светиот Отец. „Денешната молитва ќе ја предводи, државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин“, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 24 февруари 2025 година.

Во изјавата за новинарите, портпаролот на Светиот Престол Матео Бруни рече дека „на овој начин Црквата се сведочи за близната со Папата и болните“.

Папата Фрањо е хоспитализиран во болницата Гемели во Рим од 14 февруари 2025 година. со билатерална пневмонија. Последните денови се појавија информации за неговата тешка здравствена состојба. Сепак, Папата е свесен и расположен.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот