Брифинг на Папата при неговото враќање од Латинска Америка

Грција, верската слобода, кризата на семејството, поддршката на народните движења, новиот колонијализам и посредувањето меѓу Куба и САД, како и своевидниот подарок од претседателот на Еквадор, Ево Моралес – крстотсо  српот и чеканот: тоа се темите на кои папата Фрањо се осврна, одговарајќи на новинарски прашања за време на летот од Асунсион за Рим.

Народните движења: Црквата не може да биде рамнодушна

Црквата е блиска до народните движења, бидејќи претставуваат еден „глобален феномен“, изјави папата Фрањо на новинарско прашање за средбата со народните движења во Боливија. „Овие движења се организираат не само меѓу нив и не само за да протестираат, туку за да продолжат напред, бидејќи поседуваат многу сила“. Тие не се „анархични“, тукуги претставуваат„работниците“, а не синдикатите“, кои сега велат дека се корпорација и не се борат за правата на најсиромашните“. „Црквата не може да биде рамнодушна. Таа има своја Социјалнанаука и дијалогизира со овие движења, добро дијалогизира. „Народните движења имаат големо делување низ целиот свет. Јас им ја подарив Социјалната наука на Црквата, истото го правам и со претприемачите“.

Грција: решавање на проблемот, но и внимание, за да не пропаднат и други земји

На прашањето што мисли за опасноста од излегување на Грција од евро зоната, Папата одговори: „Би било поедноставено да се каже: вината е само на таа страна. Грчките политички водачи ја донесоа ситуацијата до меѓународен долг и имаат одговорност, носо новата грчка влада се дојде до ревизија, што е праведно. Моја желба е да се најде решение за грчкиот проблем, но и да севнимава, за да не може други земји да потпаднатво истиот проблем, бидејќи патот на долговите е бесконечен“.

Приближувањето меѓу Куба и САД: плод на добрата волја од двете страни

На прашањето за ватиканското посредување меѓу Куба и САД и дали такво нешто може да се направи меѓу Колумбија и Венецуела, Папата Фрањо рече: „Помеѓу Куба и САД немаше посредување, туку добра волја од двете страни“. „Поминаа три месеци во кои само се молев за тоа“. Папата потсетува дека испратил еден кардинал за дијалогот меѓу двете земји, а само по неколку месеци дознав за втората средба меѓу двете делегации. „Заслугата е нивна. Ние не сме направиле ништо, само некои мали нешта“. Во врска со Колумбија Папата изрази загриженост за започнатиот мировен процес да не биде прекинат, потврдувајќи ја расположеноста на СветиотПрестол да помогне. „Во Венецуела епископската конференција работи за мирот, но нема посредување. Договорот меѓу Куба и САД е дело на Господ, започна случајно и продолжува само по себе. Но за Колумбија треба да се молиме за да не биде прекинат мировниот процес, по педесет години и бројни жртви“.

Верската слобода: во многу земји во светот не се почитува

Папата се осврна на прашањето за верската слобода, одговарајќи на прашањето за новите односи меѓу Куба и САД, и дали Хавана треба да го промени односот кон човековите права, вклучувајќи ја и верската слобода:

„Човековите права се за сите, но во многу земји во светот тие не се почитуваат! Што губи Куба, а што САД? И двете ќе добијат нешто, зашто во еден договор е така. Но она што и двете ќе добијат е мирот. Тоа е сигурно. Среќавањето, пријателството, соработката – тоа ќе го заработат. Што ќе изгубат не знам, бидејќи кај поедни преговори нешто се губи и нешто се добива. Но на прашањето за човековите права: да помислиме дека во Европа има земји во кои не можете да го направите крсниот знак, поради различни мотиви? На други континенти е исто. Верската слобода во светот не се почитува“.

Распетието со српот и чеканот: не го сметам за навреда, го носам со мене

Едно од прашањата на кое Папата се задржа беше, кога боливискиот претседател Моралес му подари распетиесо срп и чекан, изработено од отецот исусовец Еспинал убиен пред 35 години. Папата одговори отворено, разобличувајќи секакви манипулации:

„Тоа би го нарекол протестна уметност, која во некои случаи би можела да биде навредлива. Во овој случај е коректно: отец Еспинал е убиен во 1980, во времето на теологијата на ослободувањето, која користеше марксистичка анализа на реалноста. Знам дека отец Еспинал ја делеше оваа теологија, бидејќи кога бев ректор на богословскиот факултет многу се зборуваше за тоа“. „Еспинал беше многу ентузијастички расположен од марксистичката анализа и плод на тоа е ова дело, како и поезија од тој вид, бидејќи тоа беше неговиот живот и мисла. Тој беше посебен човек со огромен човечки гениј и многу голем верник. Го разбирам ова дело и затоа не го сметам за навредливо. Го носам со мене“.

Синодата за семејството: нека Господ нѐпрочисти од кризата

На прашање за Синодата за семејството, Папата појасни една своја фраза за време на литугријата во Гуајакил кога се сврте кон верните да се молат дури за „она што изгледа нечисто, што скандализира или плаши зашто Бог може да го претвори во чудо“: „Зборував за чудото со доброто вино при свадбата во Кана Галилејска. Имало садови полни со вода, но послужиле за прочистување. Секој гостин на празникот извршил пречистување, оставајќи ги духовните нечистотии. Ја имаме благословената вода, но Исус ја претвора во вино токму валканата вода. Сакав да го дадам следново толкување: Сите знаеме дека семејството поминува низ кризен момент, доволно е да се види работниот документ на Синодата. Токму на тоа се потпира: Господ да нѐ прочисти од сето она што го носи оваа криза, да нѐ направи подобри и да одиме напред. Но особеностите на кризата се опишани во работниот документ, кој веќе е објавен“.

Латинска Америка: Црквата е млада. Една лекција за Европа

Последното прашањедо Папата беше за тоа што е пораката на Латинска Америка до современиот свет:„Латиноамериканската Црква има огромно богатство: Црквата е млада и тоа е важно“. Една Црква, богата со богословие, која бара и која може многу да ни даде“. „Едно нешто ме импресионира и во трите земји: мајки со деца и татковци беа на улиците: ги покажуваа децата, никогаш не сум видел толку многу деца. Ова е еден народ и една лекција за нас во Европа, каде што падот на раѓањата плаши, а политиките за помош на семејството се слаби. Мислам на Франција, која има убава политика за многудетни семејства, која достигна до два проценти, додека во другите земји, не сите, се блиску до нула“. „Богатството на овој народ и на оваа Црква, е во тоашто станува збор за една жива Црква, исполнета со живот и ние треба да учиме од неа. Треба да поправиме некои однесувања, како на пример културата на вишокот – деца, возрасни, млади. Новите и помлади народи ни даваат повеќе сила и пораката за Црквата е: не плашете се пред таа младина и пред оваа свежина на Црквата, која може да изгледа малку недисциплинирана, но која со текот на времето ќе се дисциплинира, бидејќи ни дава толку многу сила“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот