Способноста за простување им помогна на амазонските народи да се решат некои проблеми и да се надминат многу судири. Бевме сведоци на тие промени – рече на брифингот за новинари епископот Хозе Ангел Дивасон Килвети, поранешен апостолски викар во Пуерто Ајацука во Венецуела.
Започнува да се оцртува сликата на која навистина сѐ е поврзано, а енцикликата „Лаудато си“ се живее на конкретен начин – истакна патер Џакомо Коста, секретар на Комисијата за информирање, говорејќи на 14 Октомври на брифингот за новинари на почетокот од втората седмица од Синодата за Амазонија. Патер Коста зборуваше за богатите сведоштва за тоа како Црквата која излегува сега веќе е реалност, заедниците кои го штитат животот и заедничкото ангажирање во групите, и истакна дека тоа поттикнува на размислување за предизивиците кои се наоѓаат пред разните служби и за инкултурираната Литургија.
Една од важните теми беше и целосното еколошко преобраќање, како и итниот повик за сојуз со Црквата за заштита на правата, што би можело да доведе до формирање на меѓународна црковна установа за набљудување на кршењето на човечките права кај амазонските народи. Стана збор и за циркуларната економија, правото на животна средина, но и за развој на комуникативната култура во Панзамазонските подрачја со вреднување на католичките медиуми и формација на „староседелските комуникатори“.
Потребата за заштита на домородните народи посебно го истакна Жозијан Гаутер, генералната секретарка на Меѓународниот католички сојуза на агенциите за развој, која веќе повеќе од 50 години ги помага заедниците за заштита на нивните права. Една од нашите задачи на синодата е и да слушаме – рече Гаутер.
Меѓу другото упатен е и апел да се престане со ‘инвазијата“ со големите проекти за развој, хидроелектрани, екстрактивни активности, кражба на земјата, а побарано е од владите во Амазонија да се разговара како би се зајакнала врската помеѓу Црквата и домородните народи.
Ватикан њуз/к.мк