Братска прегратка на Папата Фрањо и Екуменскиот патријарх Вартоломеј I за време на Вечерната богослужба
Влегувајќи во процесија во црквата Свети Ѓорѓи, каде што беше одржано екуменското литургиско славење, Папата и Екуменскиот патријарх пееја и се молеа за црковно единство. Потоа беше прочитан дел од книгата на пророк Захарија за месијанското спасение. По говорот на екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј I, следуваше говорот на папата Фрањо.
Светост, драги брате, вечерта секогаш со собе го носи чувството на благодарност за денот што изминува и исплашената надеж пред ноќта која доаѓа. Вечерва мојата душа е полна со благодарност кон Бог, Кој ми дозволува со Вашата светост и со сестринската Црква да молам, на свршетокот на напорниот ден од апостолската посета, истовремено и очекуваниот ден кој со Литургија ќе го започнеме: празникот на свети Андреј апостол, небесниот заштитник на ова Црква – кажа папата Фрањо.
По зборовите на пророкот Захарија, во ова вечерна молитва Господ уште еднаш ни дарува темел кој е основа на нашето денешно и утрешно славење, цврст камен на кој можеме во радоста и надежта заедно да чекориме; тој цврст темел е Господовото ветување: „Ете, Јас ќе го спасам Својот народ од источната страна и од западната;… во вистина и во правда“ (8, 7.8) – истакна Светиот Отец.
Чесни и драги брате додека искрено Ви благодарам на братското прифаќање, чувствувам дека нашата радост е голема, бидејќи насекаде е изворот не во нас, ниту во нашето заземање и нашите потребни напори, туку во Бог Кој го поставува темелот за изградбата на својот храм, што е Црквата (Зах 8,9); „Зашто селидбата ќе се врши во мир“ (Зах 8,12). Радоста и мирот кои светот не може да ги даде, а кои што Господ ги ветил на Своите ученици, и како Воскреснат ги дал во силата на Светиот Дух – рече папата Фрањо.
Андреј и Петар го слушнале ветувањето и го примиле тој дар. Биле по крв браќа, а средбата со Христос ги преобразила во браќа по верата и љубовта. Во ова радосна вечер, во ова молитвено бдение би сакал да истакнам: ние сме браќа во надежта. Светост, голема е милоста да можеме да бидеме браќа во надежта на воскреснатиот Господ – рече Светиот Отец.
Која благодат – и одговорност – да можеме заедно да одиме во таа надеж, поддржани од застапувањето на светите браќа апостолите Андреј и Петар! Исто така и да знаеме дека ова заедничка надеж не лаже, бидејќи не е заснована на нас и на нашите бедни сили, туку на верноста Божја. Со ова радосна надеж, полна со благодарност и исчекување празникот на светиот заштитник искрено го честитам Вам, на сите присутни и Црквите во Цариград – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.