Божиќ – незаслужен дар

Се сеќавате ли на детството, веселба и среќа поради божиќните поклони? Дали некој се сети на вас за овој Божиќ? Дали некој нешто ви даруваше? Претпоставувам дека сте се сетиле самите на себе, можеби две – три недели претходно, купавјќи некоја ситница (или нешто поголемо) со мисла: „Ова е за мене за Божиќ“. Сите добро знаеме дека не нѐ воодушевува никогаш толку подарокот, колку вниманието и љубовта на оној кој ни подарува.

Овој Божиќ конечно по малку се нарекува материјализација на Божиќ, бесно купување, спротивно од сите оние кои ја живеат убавината на Витлеем денес, тука околу нас. Тие недостатоци за Божиќ за христијаните ќе бидат гоелма опасност. Но христијанинот има право на знаци на љубов и внимание кон оние кои ги сака посебно на Божиќ. Има право затоа што самиот добива Дар. Највреден можен подарок со кој му е посведочена најголемата љубов. И тоа, тој поклон не сме го заслужиле, ниту пак сме биле многу добри и послушни!

На човечкиот род му е подарен Божјот Син. Од чиста љубов Бог ни го дарува Синот. Тој дар никој не го заслужува, никој не е ниту достоен, а сепак на сите им е даден. Затоа Црквата на божиќната литургија чита едно посебно Евангелие. Евангелие толку убаво и толку едноставно што можеби е тешко да се разбере. Се работи за воведот во Ивановото Евангелие. Го слушнавме оној конкретен извештај на свети Лука за времето, местото и за сите оние кои се нашле пред витлеемската пештера во таа света ноќ на Христовото раѓање. Меѓутоа, денес е нешто сосема друго и помалку апстрактно.

„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше Словото.“ (Иван 1,1)

Слово напишано со голема буква, Логос, на грчкиот оригинал. Во тоа Слово свети Иван сака да ни ја покажа целата величина и ширина на Христовото Божество. По тоа Слово е создаван светот и животот. Да се сетиме на Стариот Завет и формулацијата на создавањето: И рече Бог… и така би. Од таа космичка димензија свети Иван нѐ спушта на земјата потсетувајќи дека пред Христос доаѓа човек Иван Крстител кој сведочи за тоа светло. Еве друга именка која евангелистот Иван ја употребува за Христос – Светло. Човекот тешко може да предвиди поголема светлост од она која ја дава нашето сонце, но Христос сето тоа неизмерно го надминува. Таков величествен Бог се спушта кај нас. Иван констатира: „И Словото стана тело и се всели во нас“ (Иван 1, 14). Секој збор на ова реченица има свое значање. Слово –Бог, неизмерен Бог по кој се создадени сите светови; стана тело – станува месо, како нашето човечко месо и ткиво, кое живее и умира и никаква нова генетика не може да го промени, но тој голем Бог слегува во тоа човечко тело и го посвети за сите времиња; и се всели во нас – овие зборови можеме да ги преведеме и како подигнува свој шатор, подигнува своја куќа меѓу нас. Местото каде Бог стои не е повеќе некаде далеку на небесата, туку овде меѓу нас, брате и сестро хритијани, затоа што тоа ни го потврди: „каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и јас посреде нив.“ (Матеј 18 20).

Сепак, Иван предупредува: „Дојде при Своите и Своите не го примија.“ (Иван 1, 11). Со ова Иван мисли на членовите на избраниот народ, Исусовите сонародници, Евреите. Но денес таа опомена е упатена на нас, христијаните, членовите на новиот избран народ, на нас кои Христос сме го примиле на кршението, но сме во опасност низ животот да го изгубиме, повеќе да не го примими, ниту со молитва, ниту со свети Тајни.

Оние кои Христос, неговиот пример и неговата наука со задоволство ја примаат, свети Иван вели: „А сите што го примија –сите што веруваат во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји.“ (Иван 11,12). Им даде моќ, нешто што не спаѓа на човечкото, да станат деца Божји. Да, Бог нас нѐ посини и нѐ направи свои. Тоа е радост и дарот на Божиќ! Дури по Божиќ можеме да кажеме дека јас сум навистина љубено Божјо дете. Бог толку ме љуби што ми го подари, својот Син, за да ми докаже и покаже колку ме љуби. Затоа да не се плашиме од ништо додека сакаме да бидеме Божји и да се радуваме со новороденчето затоа што сме по него синови и ќерки, деца Божји.

Лаудато/Д.И.

Категорија: духовнитекстови

За авторот