Во понеделникот, на 2 декември 2016 година, на втор ден Божиќ во Скопската катедрала “Пресвето Срце Исусово” се одржа еден интересен настан под име ,,Божиќ во скопската парохија.”
Самиот настан се состоеше од еден краток драмски приказ во изведба на младите, во кој што беше прикажана важноста од Бог во секое семејство и приврзаноста меѓу членовите во семејството и колку може заедничката молитва да помогне во тешките ситуации.
Потоа следеше говор на парохот дон Давор Топиќ кој најпрвин ги поздрави присутните и им го честита Божиќ, а потоа продолжи да зборува за семејството: „Семејството е голем дар. Божиќ силно го осветлува ова таинство. Овоплотувањето на Синот Божји означува нов почеток во историјата на целиот свет, а овој нов почеток се случил и во прегратките на семејството. Исус им беше послушен на неговите родители, зашто неговите родители му беа послушни на Бога. Невозможно е да се зборува за воспитувањето, барем за христијанско воспитување, ако семејството не ги остварува претходните услови. Првиот од овие услови е секако духовниот живот што семејството го одржува во Божјата присутност. Слушањето на Словото Божјо, заедничката молитва, славењето на Евхаристијата. Вториот услов е меѓусебната љубов и слога на самите родители. Најголемиот дар што родителите може да му го подарат на своето дете е тие меѓусебно да се љубат. Ништо друго не може да ја замени сигурноста и силата кои на детето му доаѓаат од убедувањето дека го подржуваат две волји соединети во една и иста волја: Твојот татко и јас; твојата мајка и јас. Ако го нема ова тогаш се случува она што Исус го вели: Ако домот се раздели во себе, тој дом не може да опстои. Децата тоа го искористуваат за да се потпрат на едниот или на другиот родител, или страдаат за тоа, па стануваат несигурни за живот и бунтовни. Некои родители го занемаруваат своето спасение и спасението на своите деца. Се грижат само за тоа како да се збогатат, за тоа богатство да им го остават на своите деца, па децата на нивните деца. И со тоа, тие веќе не се родители, туку пренесувачи на пари и добра. Да се разговара со своите деца значи навистина да се биде со нив. Значи да се сослушаат децата до крај, понекогаш и да се игра со нив додека се мали. Непријателот број еден на дијалогот со децата не е строгоста, туку гневот. Гневот го гуши дијалогот. Кога Божјата љубов која е делотворна љубов ја надополнува човековата љубов, тогаш плодовите се навистина прекрасни. Само љубовта што не е чувство, туку вистинско себедарување на другиот е во состојба да го надвладее спротивставувањето што денес разорува толку многу семејства. Семејството што заедно моли, останува заедно – Мајка Тереза, рече дон Давор.
Потоа следеше катедралниот хор, децата од Куманово кои со нивните ангелски гласови и на крајот настапи бендот Агапе. Убавата атмосфера продолжи во салата каде што сите присутнитанаа во заедништво.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк