Божиќ – Бог Кој лута сè додека нè не пронајде
Пророкот Исаија најавил: „Народот кој во одеше темнина, виде голема светлина “ Тоа пророштво се исполнува на најубав начин. Бог – Светлината се раѓа пред нашите очи. Долго очекуваниот Месија доаѓа. Влегува во светот во тајност за да направи големи дела во јавност. Тој најавува победа на човекот над нечовекот, победа на мирот над војната, простувањето над осветата, љубовта над омразата, надежта над очајот. Неговото раѓање е моментот на враќање дома, во срцето на својот Бог.
Божиќ не е како што ни се наметнува само датум кој треба да го празнуваме. Божиќ исто така не е традиција која треба да ја одржуваме. Божиќ не е полна маса, украсена елка, баклава или посета на роднините и пријателите (н.з). Божиќ е дар за нов почеток на животот. Божиќ е цврста одлука – нема да живеам во светот на гревот, туку во просторот на милоста Божја. Тоа е можност во своето срце да се направи ревизија на духовниот живот. Тоа е можност за одговор на прашањето: Дали си Ирод и Јуда или Јосиф и Марија?
Кај испитот на совеста за Исусовото раѓање би требало да го изговориме следното: Исусе повторно на другите од пристојност им пружив рака, а срцето беше далеку, повторно со другите бев поради интерес, повторно својот брак не го живеев свето, повторно својата младост со дрога и алкохол ја опив, повторно Исусе сакани како Ирод и Пилат работев против тебе со својата псовка, блуд, абортус, кражба, клевета, омраза, коцка, неодговорен живот и мрзеливост.
Божиќ е отворена Божја рака за секој од нас. Бог доаѓа и сака да нè поведе со себе. Божиќ е повик да појдеш на патот на спасението. Божиќ е шанса за човештвото да се ослободи од илузијата и паганството, а утеха да најде во Царот на царевите. Божиќ е Божји труд да нè пронајде нас изгубените и залутаните да нè врати на патот. Бог сака да биде роден во нас и да биде со нас. Тој е Емануел. Бог продолжува да бара сокровиште за своето раѓање. Марија и Јосиф залудно тропаат, бројните врати повторно останаа затворени. Бог во многумина остана без дом. Да се присетиме на некои прашања за себе да се пронајдеме во оваа приказна. Се сеќаваш ли човеку кога Исус тропна на твојата врата? Се сеќаваш ли кога некој на нешто те предупреди, а ти одмавна со раката? Се сеќаваш ли кога те повикаа на света Литургија, а ти имаше друга работа? Се сеќаваш ли кога твојата жена едно утро ја зема Бројаницата во рацете и молеше, а ти си зема весник, пушка или бродот па замина на лов и на крстарење? Се сеќаваш ли кога ти кажаа дека погрешно сумираш, а ти одговори дека таква е работната политика на претприемништвото? Се сеќаваш ли кога работниците те прашаа за редовната и праведна плата, а ти во своето богатство им рече дека се незаситни? Тие се тие тропања кои беа на нашите животни врати. Горделивоста не ни даде да паднеме на колена. Останавме возвишени и затворени. Ако Бог дојде скромен и понизен меѓу нас и ние сме повикани да слегнеме од коњот на горделивоста како свети Фрањо и да го бакнеме лепрозниот, да се упатиме на патот на преобраќањето како свети Павле и многу други светци? (…)
Божиќ ќе започне кога ќе почне Исус сериозно да го сфаќаме и да го живееме. Исусовото доаѓање во светот не е манифестација со слава на тој настан, туку новост која со својата свежина ја лекува задушливоста и разнишаната вера.
Фра Марио Кнезовиќ/ Гласник мира/к.мк/Д.И.