Божиќната пештера на Свети Петар е дар од регионот Кампанија

Божиќната пештера на Свети Петар е дар од регионот Кампанија

На 7 декември, со кратка церемонија во 16.30 часот, Божиќната пештера и Божиќното дрво ќе бидат официјално отворени на плоштадот Свети Петар. Традиционалните украси ќе останат на плоштадот до ноќта во неделата 7 јануари 2018 година, кога Црквата ќе го прослави празникот Крштение Господово, со што завршува Божиќното време.

Оваа година рождествени пештера е дар од опатијата на Монтеверџине, која се наоѓа во италијанскиот регион Кампанија, во близина на Неапол, познат по своите божиќни пештери кои се вистински ремек дела.

Пештерата за плоштадот Свети Петар ќе биде во средновековен стил, според најстарата неаполитанска традиција, а е изработена од најпознатата занаетчиска работилница за рождествени пештери во регионот на Кампанија. Делото ќе покрие површина од 80 м2 и ќе биде висока околу 7 метри. Во пештерата, инспирирана од милосрдни дела, ќе бидат поставени 20 фигури со различна висина, а највисока е 2 метра. Тие ќе бидат направени од полихромна глина, нивните очи ќе бидат кристални и ќе бидат облечени во текстилни облеки.

До пештерата ќе биде поставена елка, која оваа година е подарок од надбискупијата Елк, Полска. Големото дрво е високо 28 метри. По пат низ Централна Европа, дрвото ќе помине 2000 километри.

Украсувањет на елката е доверено на врвни и специјални уметници: децата во одделенијата за онкологија од неколку италијански болници. Овие мали деца заедно со нивните родители ќе учествуваат на специјална терапија со керамика врз основа на идеја координирана и предводена од фондацијата „Грофица Лене Тун“. За време на нивните часови за изработка од керамика децата ќе изработат глинени топчиња и ѕвезди. Оваа година, на активностите се приклучија и децата погодени од земјотресот во Централна Италија, од бискупија Сполето –Норчето.

На 7 декември претпладне делегациите од Полска, Кампанија и малата група мали уметници ќе бидат примени на аудиенција од папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот