Бог постојано го бара грешникот

Бог се радува кога ќе ја најде загубената овца, бидејќи ја има „слабоста на љубовта“ кон оние кои се загубени – истакна папата Фрањо во текот на проповедта на светата Литургијата на 7 ноември во капелата на домот Света Марта.

Коментирајќи ја параболата за загубените овци и драхмите, папата се осврна на однесувањето на книжниците и фарисеите кои се соблазнуваат од Исусовото делување и мрмореле против Него: Овој е опасен, јаде со цариници и грешници, го навредува Бог, дружејќи се со тие луѓе ја омаловажува службата на пророците. Исус им возвраќа дека се лицемери, а на нивното лицемерно мрморење одговара со параболата – објасни Папата.

На мрморењето одговара со радосна парабола. Во овој текст три пати го сретнуваме зборот радост, а еден пат зборот веселба. Како да им кажал: „Вие поради тоа се соблазнувате, а мојот Отец се радува.“ Ова е суштината на пораката: Бог оди да ги бара изгубените. Бог ги бара сите кои се одделени од Него. Тој е како пастирите, кои ги бараат изгубените овци, објасни папата Фрањо. Божјата работа е – истакна папата – да излезе, да ги бара и сите да ги повикува на гозбата. Тој не се помирува со тоа неговите да се губат. Исус на Велики Четврток моли: „Да не се изгуби ниеден од оние кои Ти Оче си ми ги дал“ Бог ги бара посебно тие кои се одделиле од Него. А како? Тој постојано бара, како и пастирот кој ја бара овцата сѐ додека не ја најде или како жената која кога ќе ја изгуби драхмата, пали свеќа, ја изметува куќата и внимателно бара. И Бог бара така. Не сакам да го изгубам своето дете; не сакам да го изгубам. Ете, таков е нашиот Бог: секогаш нѐ бара – рече Папата.

А потоа, кога ќе ја надје овцата, ја зема на рамењата и ја носи во трлото кај другите овци, за да не може никој да и каже дека е „загубена“ бидејќи и е вратено целосното достоинство. Нема повеќе разлика, бидејќи Бог сѐ доведе во ред. Тој се радува додека тоа го прави – рече Папата.

Бог не се радува на смртта на грешникот, туку на неговиот живот. Колку се тие луѓе кои мрмореле против Исус, биле далеку од Божјото срце? Не го познавале. Мислеле дека вистинската вера е во надворешното однесување, во лицемерното мрморење. Напротив, љубовта го радува Бог Отецот. Тој нѐ љуби. Но јас сум грешник, го направив тоа и тоа и тоа… Јас секогаш те љубам, те барам и те враќам дома. Таков е нашиот Бог. Да размислиме малку за тоа – поттикна папата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот