Богословијата во Џенова пренаменета во дом за бегалци
Со одлуката на кардинал Анџело Бањаско во договор со градските власти, богословската зграда од Геновската надбискупија станала дом за 50 бегалци.
„Во духот на Евангелието, повикот на папата Фрањо и непрекинатата традиција во духот на солидарноста со која историски се карактеризира Црква во Џенова, кардинал Анџело Бањаско ја прифатл молбата од градската управа на Џенова за помош при прифаќањето на 50 бегалци“, стои на веб-старницата на надбискупијата.
Овој гест е најдобар одговор на провокациите слични на онаа која ја изнесе претседателот на италијанската десничарска партија „Северна Лига“, Матео Салвини, прашувајќи: „Колку бегалци има сместено во Ватикан?“ Неговото прашање е рекција на папските говори од јунските аудииенции, кога Папата ги повика верниците да молат за „луѓето и институциите кои ги затвораат вратите на оние кои бараат засолниште далеку од својата земја“.
Спомнуваме дека само надбискупија во Џенова во своите простории згрижила околу 400 бегалци, главно од Африка и Азија, додека на територијата на Италија, благодарејќи на Каритас, фондацијата Мигрантес и парохиите, се сместени над 10.000 бегалци. Нивниот број се зголемува од година во година.
Католичката Црква во Италија има над 1.500 институции за помош на бегалците, меѓу кои амбуланти, народни кујни, преноќишта и слично. И католичките училишта ги отвориле своите врати за бегалците, а во многу ораториуми, децата бегалци го проналшле својот втор дом. За оние кои сакаат бројки, изнесен е податок дека Црквата со своите дејствувања, на државатаи заштедува најмалку 27 милиони евра годишно.
Битно.нет/Б.Р.