Богопосветените лица од Скопје му го честитаа Божиќ на бискупот Стојанов

Богопосветените лица од Скопје му го честитаа Божиќ на бискупот Стојанов

На 24 декември 2020 година, претставници на Богопосветените лица од градот Скопје го посетија Скопскиот бискуп и Струмичко – скопскиот епарх монс. д-р Киро Стојанов и во таа прилика му ги честитаа претстојните Божиќни празници.

Традиционално, секоја година претставник од некоја заедница од Скопје, во име на сите упатува честитката на бискупот. Оваа година, во име на сите Богопосветени лица честитка упати катедралниот парох дон Паво Шекерија, кој меѓу другото рече: „Ми се чини дека токму во овие моменти на несигурност, вознемиреност низ кои поминува општеството, нашиот повик е да сведочиме уште погласно, уште порадосно и заедно: Бог ме љуби неизмерно, Бог нѐ љуби неизмерно. Нека одекне денес, вечерва и нека одекнува во сите денови на Новата година. Нека ви е благословен и честит Божиќ во име на сите нас присутни тука и оние кои останаа дома, но со срцето се тука.“

На крајот од средбата епископот Стојанов се заблагодари на дарот на заедништво, посакувајќи им на сите благословен Божиќ и Нова Година.

Во оваа прилика беа спомнати и монсињор Антун Циримотиќ и с. Татјана, кои оваа година заминаа во домот на Отецот небесен.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот