Нејзиното срце чука во Рим, но спроведува активности во повеќе земји во светот. Станува збор за Папската детска болница, најголема поликлиника и Педијатарски центар за истражување во Европа. Основана е во 1869 година и е подарена на Светиот Престол во 1924 година. Детската болница Бамбино Џезу е упориште за здравје на деца и млади од цела Италија и странство. Нејзиното историско седиште е на римскиот брег Џаниколо, а кон тоа треба да се додаде и она во римскиот дел Свети Павле надвор од ѕидините, како и местата недалеку од Рим, Палидора и Санта Маринели.
13,5 % пациенти се од странство
Болницата секоја година прима повеќе од 27.000 мали пациенти, 80.000 од нив прима помош во Брзата помош, а амбулантните услуги се околу 1.700.000 годишно. Од вкупниот број пациенти 13,5% се од странство, повеќето деца на доселеници, но има и деца кои доаѓаат од разни страни на светот, бидејќи им е потребно посебно лекување.
Помош и прифаќање
Работата на клиниката е придружувана и со прифаќање, посебно на семејства кои доаѓаат од далеку, па им е потребна и долготрајна терапија. Благодарејќи на помошта мрежата здруженија, фондации и хотелски установи, болницата успева да обезбеди бесплатно смесување за околу3.700 семејства, што вкупно значи повеќе од 93.000 ноќевања.
Меѓунарoдни активности
Болницата Бамбино Џезу е присутна и во повеќе земји од светот, преку помагање и соработка. Така на пример во Камбоџа, Централноафриканската Република, Јордан, Сирија, Палестина, Грузија, Русија, Кина и Етиопија има активни проекти за соработка со универзитетските болници.
Во видето може да погледнете за активностите кои се однесуваат на Детската болница Бамбино Џезу во Јордан и Централноафриканската Република.
РВ/к.мк