На крајот од Генералната аудиенција во среда, 23 ноември 2022 година, папата Фрањо своите мисли и молитви ги упати до жителите на островот Јава и го спомна Светскиот ден на рибарството.
По завршување на катехезата на Генералната аудиенција, Светиот Отец во молитва ја изрази својата близина до населението на индонезискиот остров Јава, кој оваа недела беше погоден од силен земјотрес и предизвика повеќе од стотина загинати и многу повредени. Ја искажа својата близина со тоа сакано население и рече дека се моли за загинатите и повредените. Дополнително, се проценува дека, поради последиците од уништувањето, раселени се 13 илјади луѓе.
На крајот, Папата го спомена и Светскиот ден на рибарството, кој се прослави во понеделник, 21 ноември. Целта на овој ден е да се промовира одржливоста на риболовот и аквакултурата преку почитување на правата на луѓето кои ловат риба и со својата работа придонесуваат за безбедноста на храната, исхраната и намалувањето на сиромаштвотот во светот.
Ватикан њуз/к.мк