Ближниот е вториот јас – Маријаполи во Македонија

Кичево, 01.07.2013 /к.мк/ Од 27 до 30 јуни во село Кнежино во близина на Кичево се одржа Маријаполи, средба во организација на движењето на Фоколарите во Македонија – Марииното Дело. Тема на средбата беше: Ближниот е вториот јас. Годинава имаше околу стотина учесници од различни верски и национални припадности од Македонија, Косово и Србија, а треба да се истакне присуството на голем број млади. Во ова заедничко дружење и размена на искуства учествуваа и отец Димитар Ташев и отец Георги Динов. Учесниците во текот на четиридневното заедничко дружење и живеење во „Градот на Марија“ имаа можност подобро да се запознаат и да споделат разновидни животни искуства, а се со една цел – живеење на Идеалот на Љубовта.

Програмата беше навистина богата. Учесниците имаа можност да се запознаат со размислувањата на Кјара Лубик поврзани со бројни животни теми и прашања, од оние кои си ги поставува секој млад човек до проблемите и советите кон семејствата и посветените лица. Активно беа вклучени младите со свои музички точки, драмски изведби инспирирани од темата, а имаше организирано и спортските игри.

Учесниците го посетија кичевското теќе каде му оддадоа почит на големиот пријател на фоколарите во Македонија Јакуб Селимовски, а го посетија и познатиот кичевски манастир Света Богородица Пречиста.

На крајот, учесниците се согласија дека завршувањето на средбата на Маријаполи е само почеток на еден нов поглед кон ближниот, кон светот и љубовта. (Е.Абјаниќ)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<