Благодарствена Света Литургија: Четири години од историската посета на папа Фрањо на Македонија

Благодарствена Света Литургија: Четири години од историската посета на папа Фрањо на Македонија

По повод годишнината од историската посета на Светиот Отец папа Фрањо на Македонија, во недела 7 мај 2023 година Бискупот Стојанов во Скопската катедрала Пресвето Срце Исусово служеше благодарствена света Литургија.

Бискупот Стојанов во својата проповед покрај толкувањето на Божјото слово го истакна и значењето на историската посета на папата Фрањо за Македонија, македонските граѓани и Католичката црква во Македонија и односот со другите Цркви и верски заедници и додаде дека верата и верноста на верниците во Христа и Христовата црква придонесе Светиот Отец да ја посети Македонија под мотото „Не бој се мало стадо“ и да не уцврсти во верата на нашите предци.

Светиот отец папа Фрањо на 7 мај 2019 година ја посети Македонија и најпрвин се сретна до Претседателот и Премиерот на Државата, со преставниците на државните власти, цивилното општество и дипломатски кор акредитирани во Македонија, а потоа во Спомен куќата Света Мајка Тереза се сретна со верските поглавари наведени во Уставот на Македонија. Имаше средба со ранлива категорија на луѓе, додека централната прослава се одржа на скопскиот Плоштад Македонија каде Светиот Отец служеше понтификална Света Литургија. Исто така се сретна со младите – средбата беше во духот на екуменизмот и меѓурелигискиот однос и средба во Скопската катедрала со духовенството на Католичката црква.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот