Битола: Панел дискусија за семејството

Битола: Панел дискусија за семејството

Во рамките Четвртата по ред светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Битола во петок 4 ноември 2016 година се одржа панел диксусија на тема: „Семејството – извор и простор за градење и чување на достоинството на човекот и место за раст во верата“.

Модератор на дискусијата беше д-р Зоран Матевски, а воведно предавање одржа монс. д-р киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

На самиот почеток од предавањето бискупот Стојанов истакна: Нашата Црква, како свој придонес на овој значаен собир ја предложи темата: „Семејството – извор и простор за градење и чување на достоинството на човекот и место за раст во верата“.

Зборувајќи од повеќе аспекти за семејството епископот Стојанов се задржа и на воспитувањето во верата, при што рече: Католичката црква има долга традиција во верското поучување, веронауката. (…) Знаеме дека Црквата е основач на модерното школство од Сорбона, првиот Универзитет, до најновите предучилишни и училишни институции, лицеи, колеџи и универзитети низ целиот свет. Импозантни се бројките на таквите институции во светот. За нас во Македонија е гордост дека најстариот универзитет уште пред Сорбона, бил во Охрид со своите четири школи или факултети: теологија, филозофија, право, медицина, се разбира во форма каква што била можна во тоа време. Во неоствареното патување на папата свети Иван Павле II кој имал желба да го посети Охрид и од тоа место да му каже на светот дека пред Сорбона бил Охрид. (…) По искуствата од повеќе стотици години, Црквата токму врз основа на тие искуства денес јасно укажува дека ниту една школа и5169_1ли воспитна институција не може да го замени семејното воспитување за верата.

Својот говор бискупот Стојанов го заврши со зборовите: Семејството е не само извор, туку и простор за градење и ч
ување на достоинството на човекот како највредно создание на земјата. Семејството е прво, незаменливо и автентично место за воспитување во верата дури и растот во верата.

Богословот Спасе Спасов даде краток преглед на црковни документи на Католичката црква кои зборуваат за семејството издадени за време на Вториот Ватикански собор и после него.

На оваа панел дискусија учество зедоа еминентни претставници од верскиот и општествениот живот, а свои излагања покрај другите имаа Маријана Петир, европратеничка од Хрватска и претседателката на неформалната група „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент и проф. д-р Антон Штрокељ, професор на Теолошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот