Апостолскиот визитатор за Меѓугорје полскиот надбискуп Хенрик Хосер зборуваше минатата недела за плановите за подобрување на условите за верниците на тоа ходочасничко место, вклучувајќи и служење на поголем број свети Литургии на различни јазици.
„Меѓугорје ги претставува духовните бели дробови на Европа“, рече Хосер во Католичкиот центар за млади во Варшава. „Тоа е место на кое милиони го откриваат Бог и убавината на Црквата.“
„Сега мора да ја обновиме неговата инфраструктура, во прв ред обезбедувајќи литургиски простор. Исто така треба да ги прошириме подрачјата за духовни обнови и да создадеме нови места за служење на света Евхаристија, посебно за ходочасниците,“ додаде.
Тој ги повика и полските свештеници да дојдат во Меѓугорје и да помогнат во исповедување на ходочасниците затоа што постои голема потреба за тоа.
Потсетуваме папа Фрањо надбискупот Хосер го именува за апостолски визитатор за Меѓугорје на 31 мај 2018 година со намера да обезбеди „цврста и трајна придружба на парохиската заедница во Меѓугорје и на верниците кои таму доаѓаат на поклоничко патување, чии потреба бараат посебно внимание.
„Сите носиме одговорност за Црквата – сите сме повикани да бидеме апостоли, евангелизатори и учители во согласност со даровите кои сме добиле од Бог,“ рече полскиот надбискуп, и ја нагласи димензијата на мисиското влијание на Меѓугорје за целата Црква.
„Исто така е восхитувачко шт сега во многу земји постојат мрежи на ходочасници кои го посетиле Меѓугорје, кои заеднички молат и се вклучуваат во конкретни активности во корист на својата локална заедница и Црква“, истакна Хосер додавајќи дека многу групи верници доаѓаат од западните земји во кои „Црквата атрофирала“ и во Меѓугорје „одеднаш ја доживуваат Божјата милост.“
Сите тие верници главно млади ходочасници и посетители, летото чекаат на високи температури кои често се повеќе од 30 степени за да се исповедат, предупреди Хосер и нагласи дека е потребно да се покрие и главното шеталиште во Меѓугорје, како и да се обебзедат подобри услови за конференции и добротворна работа.
Битно.нет/к.мк