Бискупот Стојанов ќе служи света Литургија во Скопје по повод празникот Света Мајка Тереза

Бискупот Стојанов ќе служи света Литургија во Скопје по повод празникот Света Мајка Тереза

Празникот на Света Мајка Тереза во нејзината родна бискупија и нејзниот роден град – Скопје, ќе се одбележи во вторник 5 септември 2023 година со света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје со почеток во 18.00 часот.

Светата Литургија ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко  – скопски епарх во сослужение на свештеници од Скопска бискупија и Струмичко  – скопската епархија.

Традиционално на почетокот од месец септември во Скопје и други населени места, во организација на Католичката црква се одржуваат „Денови на Света Мајка Тереза“ преку активности на Македонски Каритас, искажувајќи близина со оние во најголема потреба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот