Бискупот Стојанов ја прими украинската амбасадорка Лариса Дир

Бискупот Стојанов ја прими украинската амбасадорка Лариса Дир

Во вторник 6 декември 2022 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов во бискупската резиденција во Скопје ја прими во протоколарна посета украинската амбасадорка во Македонија Н.Е. Лариса Дир.

Во пријатна и срдечна амтосфера бискупот Стојанов ја запозна амбасадорката Лариса Дир за животот и активностите на Католичката Црква во Македонија, а се разговараше и за актуелни теми од заеднички интерес, како и за отворените можности за соработка.

На крајот соговорниците го истакнаа задоволството од развојот на досегашните односи со желба во иднина да се продлабочат.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот