Бискупот Стојанов ја прими европратеничката Петир

Бискупот Стојанов ја прими европратеничката Петир

На 18 септември 2018, во Бискупската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов ја прими хрватската претставничка во Европскиот парламент Маријана Петир.

На почетокот на средбата бискупот Стојанов ѝ заблагодари на претставничката Петир за посетата, и ѝ честита за примањето на почесната награда ,,Македонски сенатор” која ќе ја добие истиот ден, од страна на Светскиот македонски конгрес, прва и најстара македонска меѓународна невладина организација која делува како неформален светски собир на Македонци ширум светот.

Исто така бискупот Стојанов ѝ заблагодари на претставничката Петир што со својата работа се покажала како вистински пријател на Македонија, и ѝ ја честита примената награда која на почетокот од оваа година ја прими во Вашингтон каде што ѝ е доделена ,,Награда македонско пријателство” од страна на Соединетите македонски дијаспори. Бискупот Стојанов ја запозна претставничката Петир со историјата и животот на денешната Католичка црква во Македонија, истакнувајќи ја нејзината поврзаност со Црквата во Хрватска. Соговорниците се навратија и на моменталната ситуација со религијата.

Во знак на благодарност бискупот Стојанов ѝ подари на претставничката Петир медалјон на родената скопјанка Света Мајка Тереза, истакнувајќи го животот и делото на светицата која со своето сведочење останува трајна инспирација и предизвик на сите во животот и работата за градење на подобар свет.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот