Бискупот Стојанов упати честитка до новоименуваниот Суботички бискуп Фазекаш

Бискупот Стојанов упати честитка до новоименуваниот Суботички бискуп Фазекаш

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов по повод именувањето на монс. Ференц Фазекаш за бискуп на Суботичката бискупија на 9 октомври 2023 година упати честитка во која искажува радост за именувањето и му честита заедно со свештениците, монашките заедници, црковните движења и верниот народ од Македонија, воедно молејќи за Божји благослов за неговата бискупска служба, со желба милосрдниот Господ да го придружува на неговиот пат на служење на Црквата.

Во честитката епископот Стојанов, истовремено го честита именувањето на новиот бискуп и на верниците од Суботичката бискупија, посакувајќи во Духот на синодалното заедништво да зачекорат во новите предизвици, пропратени со мудроста и силата на Светиот Дух и така да донесат плодни дела на Божјата љубов – пишува епископот Стојанов.

На крајот од честитката монсињор Стојанов од Блажена Дева Марија – Царица на Светата Бројаница, света Тереза Авилска – заштитничка на суботичката катедрала и света Мајка Тереза созаштитничка на Скопската бискупија моли за застапништво за новоименуваниот Суботички бискуп монс. Фазекаш.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот