Бискупот Стојанов со сретна со Харолд Фугер претставник на Федералното Министерство за социјални работи и здравство на Австрија

Бискупот Стојанов со сретна со Харолд Фугер претставник на Федералното Министерство за социјални работи и здравство на Австрија

На 23 септември 2021 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, а воедно и претседател на Македонски Каритас, оствари средба со г-дин Харолд Фугер, аташе, претставник на Федералното Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија.

Бискупот Стојанов го запозна г-дин Фугер со животот и делувањето на Католичката црква во Македонија и во име на Македонски Каритас изрази искрена благодарност до Федералното Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија, за финансиската подршка на проектот TAKE CARE. Овој проект Македонски Каритас, под генерален менаџмент на Каритас Австрија, го имплементира со уште две партнерски организации од Македонија, НВО Љубезност од Скопје и НВО Сонце од Тетово. Главна цел на проектот е да им помогне на луѓето кои се изложени на зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради Ковид -19.

 

Проектот нуди психосоцијални, правни и образовни услуги за најранливите и маргинализираните, како што се сиромашни и социјално исклучени, бездомници, жени, девојчиња и деца во Скопје, Тетово, Теарце и Јегуновцe. Целта е со овој проект да се придонесе кон изнаоѓањето на долгорочни системски решенија за сиромаштијата и бездомништвото во земјата. Проектот започна да се имплементира од 1 јули 2021 и ќе трае до 31 декември 2022 година. Освен средбата со бискупот Стојанов, г-дин Харалд Фугер ја посети и главната канцеларија на Македонски Каритас во Скопје, како и Едукативниот центар на Каритас во општина Шуто Оризари, каде што од страна на координаторот на Македонски Каритас Спасе Спасов, беше подетално запознат со моменталните проектни активности на Македонски Каритас, особено со активностите во рамките на проектот TAKE CARE.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот