Во предвечерието на празникот Свето Семејство, 28 декември 2024 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во капелата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Куманово. Со епископот Стојанов сослужува парохот во Куманово дон Домаш Бак, катедралниот парох во Скопје патер Винко Маслаќ и бискупскиот канцелар протојереј ставорфор отец Марјан Ристов.
Покрај членовите на Неокатехуменскиот пат, верниците од Куманово, сестри Евхаристински, присуствуваше и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.
Во својата проповед епископот Стојанов зборуваше за светото семејство од Назарет, истакнувајќи ја нивната послушност кон волјата Божја.
По светата Литургија следуваше агапе и заедништво.
к.мк