Бискупот Стојанов служеше Света Златоустова Литургија во Светилиштето на Света Мајка Тереза во Скопје
Бискупот, монс. д-р Киро Стојанов, утрото на 11 јануари 2022 година во Светилиштето Света Мајка Тереза во Спомен куќата во Скопје служеше Света Златоустова Литургија.
Сестра Текла, мисионерка на љубовта, некоку години наназад, според желбата на нејзините претпоставени, својата мисија ја извршуваше во Скопска бискупија, претежно во парохија „Пресвето Срце Исусово“, изрази желба пред нејзиното заминување во Светилиштето да се служи Света Златоустова Литургија што и беше сторено.
Бискупот Стојанов, изразувајќи голема благодарност за нејзината пожтртвуваност и несебично дарување на Бога и ближниот и посака, според пораката на светото Евангелие, секогаш да биде смирена и стрплива на патот по кој ја води Бог, како што беше и слепиот кого Исус го фати за рака и неговата благонаклоност ја награди да прогледа. Поделувајќи и Божји благослов и посака успешна мисија таму каде Бог преку нејзините претпоставени ја праќа на нова мисија.
На Светата литургија присуствуваа и останати Сестри Мисионерки на љубовта како и Скопската заедницата на Сестрите Евхаристинки и дел од верниците од Парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
к.мк