Бискупот Стојанов се сретна со кардинал Леонардо Сандри

Бискупот Стојанов се сретна со кардинал Леонардо Сандри

На 25 март 2022 година Скопскиот бискуп и Струмичко скопски епарх, монс. Киро Стојанов во Рим во просториите на Конгрегацијата за Источни Цркви се сретна со префектот на Конгрегацијата, Неговата еминенција Леонардо кардинал Сандри.

Разговорот се одвиваше во пријатна и срдечна атмосфера, а во таа прилика кардинал Сандри му подари на бискупот Стојанов статуа на светиот апостол Павле изработена во дрво, која е дар на кардиналот за светилиштето Свети Павле во Паљурци. Кардиналот Сандри ја истакна поврзаноста на верниците во Македонија со апостолот на народите, преку кога верата во Воскреснатиот Христос дојде во Македонија и Европа. Од своја страна бискупот Стојанов го запозна кардиналот со животот на Црквата во Македонија.

На крајот од средбата кардинал Сандри преку бискупот Стојанов ги поздрави верниците во Македонија, испраќајќи го својот благослов.

Статуата на свети Павле, која бискупот Стојанов ја доби од кардинал Сандри е наменета за светилиштето Свети Павле во Паљурци, со сертификат, потекнува од 19 век, изработена е во дрво од непознат автор.

Кардинал Леонардо Сандри ја има посетено Македонија во 2018 година по повод Инаугурацијата на тогаш основаната епархија „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ и устоличувањето на првиот епарх монс. д-р Киро Стојанов.

Ватикан њуз/к.мк

 

Кардинал Сандри пристигна во Македонија

Категорија: Вести, Македонија

За авторот