Бискупот Стојанов се сретна со кардинал Пуљиќ

Бискупот Стојанов се сретна со кардинал Пуљиќ

Врхбосанскиот надбискуп кардинал Винко Пуљиќ во недела 18 октомври 2020 година го прими Скопскиот бискуп и Струмичко – скопскиот епарх монс. Киро Стојанов.

На самиот почеток од средбата бискупот Стојанов во свое име и во име на сите богопсоветени, како и од целиот Божји народ во Македонија, му ги честита на кардинал Пуљиќ прославените јубилеи и му посака сила од Божјиот Дух за животот и работата, благодарејќи му на кардиналот за поддршката која секогаш ја дава на Црквата во Македонија.

Бискупот Стојанов го запозна кардинал Пуљиќ за животот и настаните кои ги живее Црквата во Македонија во рамки на пандемијата, како и со моменталната ситуација низ која поминува македонското општество.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот