Бискупот Стојанов во просториите на Бискупската резиденција во Скопје оствари средба со еминентните професори од Хрватска: професор доцент д-р Никола Протрка, професор на полициската академија во Загреб, професор доцент д-р Тихомир Катулиќ од Правниот факултет при Универзитетот во Загреб, придружувани од нивниот македонски колега професор д-р Атанас Козарев, претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност.
Бискупот Стојанов ги запозна со активностите на Католичката црквата во Македонија и поврзаноста со Црквата во Хрватска како и за Заедницата Хрвати во Македонија. Споделувајќи и спомени од својот престој во Загреб, а уште повеќе што Правниот факултет му беше во непосредно соседство.
Гостите го запознаа Бискупот Стојанов со своите активности, но и за престојот во Македонија како претставници на Европската унија за да ги споделат искуствата со своите колеги во областа на својата професионална дејност.
Средбата помина во многу пријатна и срдечна атмосфера.
Ватикан њуз/к.мк