Бискупот Стојанов присуствуваше на хиротонијата на суботичкиот бискуп

Бискупот Стојанов присуствуваше на хиротонијата на суботичкиот бискуп

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Kиро Стојанов во сабота 11 ноември 2023 година приустсвуваше на хиротонијата на Суботичкиот бискуп Ференц Фазекаш, во катедралата Света Тереза Авилска во Суботица.

Главен посветител беше монс. Дражен Кутлеша, надбискуп и митрополит, претседател на Хрватската бискупска конфернеција, а сопосветители беа монс. Балаш Бабел, надбискуп и митрополит на Калак-Кечкемет/Унгарија и монс. Владо Кошиќ бискуп и митрополит на Сисак.

На хиротонијата присустваа голем број надбискупи, бискупи и свештеници од регионот, претставници на Апостолската нунцијатаура во Република Србија и бискупските конференции, провинцијали, бискупски делегати и генерални викари, поглавари и претставници на монашките заедници, претставници на црквите и верските заедници во Република Србија и претставници на граѓанските власти.

Монсињор Ференц Фазекаш е роден на 9 септември 1958 година во Бечеј. Учел во бискупската класична гимназија „Паулинум“ во Суботица како ученик на истоимената мала богословија. Потоа, како богослов на Суботичката бискупија, од 1977 до 1984 година се школувал на Надбискупската богословија во Загреб, каде што студирал филозофија и теологија на Католичкиот богословски факултет.

За свештеник на Суботичката бискупија е ракоположен на 29 јуни 1984 година во суботичката катедрала Света Тереза од Авила. Во првите две години од својата свештеничка служба, служел како парохиски викар во парохијата Пресвета Троица во Сомбор, а потоа две години служел како парохиски викар во Бачка Топола; покрај тоа, во 1986 година бил именуван за парохиски управител во Бајша. Службата управител на парохија во Богоево ја извршува од 1988 година. Служел како парохиски свештеник во Бајша од 1993 година, потоа од 1994 година во парохијата Свети Фрањо во Сента, потоа од 1998 година во Бачка Топола, а во 2021 година е именуван за парохиски свештеник во Свети Јуре во Суботица.

Од 2005 до 2012 година ја извршувал должноста декан на деканатот во Бачка Топола, а од 2012 до 2020 година бил архипрезвитер на Потискиот архипрезвитерат. Во 2020 година е именуван за генерален викар на Суботичката бискупија. Оваа служба ја извршува до смртта на бискупот Вечерин, а на 29 август 2022 година е избран за бискупски управител на Суботичката бискупија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот