Бискупот Стојанов присуствуваше на прославата 50 годишнина од возобновувањето на Охридската Архиепископија

По повод педесет годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија, Н.В.П. монс. др. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, присуствуваше на свечената академија која се одржа во соборната црква свети Климент Охридски на 30 септември 2017 во Охрид.
Исто така Неговото Високопреосвештенство монс. Стојанов, присуствуваше и на свечената архиерејска света Литургија која се одржа во истоимениот храм, а која беше предводена од Неговото Блаженство Г.г. Стефан.
к.мк