Бискупот Стојанов на Велики Четврток служеше света Литургија во Струмица

Бискупот Стојанов на Велики Четврток служеше света Литургија во Струмица

На Велики Четврток, 25 април 2019 година, во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов служеше света Василиева Литургија со Вечерна. За време на светата Литургија епископот Стојанов го освети мирото, а кон крајот од службата го изврши обредот миење нозе на дванаесет избрани верници, кои беа од повеќе парохии од Струмичко – скопската епархија.

За време на својата проповед епископот Стојанов истакна: Овогодинешното празнување на Велигден веќе однапред како зора ни навестува посебен настан што во воскресното време со нас ќе биде папата Фрањо. Каква е неговата улога во служењето: Да ги утврди неговите браќа во верата. Со право се надеваме дека Господ Бог ќе ни подели милост да можеме оваа света Тродневница во восхитувањето на Духот да ја славиме со надеж дека во историјата на нашата Црква, Велигден 2019 ќе влезе не само во календарот, туку и во нас како доживување и полнота на Црковноста што ја прави Литургијата, како што и Литургијата која ја вршиме прави Црква.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот