Бискупот Стојанов му честита на монс. Жељко Мајиќ за именувањето за бискуп на Бања Лука

Бискупот Стојанов му честита на монс. Жељко Мајиќ за именувањето за бискуп на Бања Лука

По повод именувањето на дон Жељко Мајиќ за бискуп на Бања Лука, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, на 13 декемри 2023 година до новименуваниот бискуп Мајиќ, упати срдечни честитки во негово лично име, како и во име на свештениците, монахињите, монасите и верниците на Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, искажувајќи ја својата радост.

Во честитката бискупот Стојанов пишува дека со именување од страна на Светиот Отец Папата Фрањо за бискуп на бискупијата Бања Лука Бог му доверува одговорна апостолска служба за таа Црква и додава: „Како свештеник извршувавте различни функции што ви беа доверени и секогаш со примерен свештенички живот, вера, надеж и љубов сведочевте за убавината на животот со Христа. Го молам Господа да ви дарува изобилна благодат за да бидете и како бискуп дар за Црквата што ви е доверена, за која сте поставени да ја водите на овоземскиот пат.“

На крајот од честитката епископот Стојанов ги вети неговите молитви за оваа одговорна служба на новоименуваниот бискуп на Бања Лука, монс, Мајиќ, посакувајќи му Божји благослов и заштита на Марија, Мајката на Црквата.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 8 декември 2023 година, на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, објави дека Светиот Отец го прифати повлекувањето на бискупот Фрањо Комарица од пасторалното управување на Бањолучката бискупија, а за нов Бањолучки бискуп го именува дон Жељко Мајиќ, свештеник на Мостарско-дуванската бискупија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот