На 8 октомври 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов беше во посета на Неговото блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, и во таа прилика во негово име и во име на Католичката црква му го честита 25 годишниот јубилеј од востоличувањето на тронот на Охридската Архиепископија возобновена во лицето на Македонската правослвна црква. Монсињор Стојанов му посака на архиепископот здравје и долг живот и со Божји благослов понатаму да ја води Македонската православна црква – Охридска архиепископија во нови успеси.
Во знак на внимание бискупот Стојанов на архиепископот г.г. Стефан му подари икона Марија Утешителка од Светилиштето во Паљурци. Неговото Блаженство изрази благодарност, посакувајќи Божји благослов за доброто на сите.
к.мк