Бискупот Стојанов во попладневните часови во вторник 29 октомври 2024 година, во Бискупската резиденција на Водно, го прими старешината на августинскиот манастир Клостернојбург во Австрија, oтец Антон Хеслингер, заедно со неговата придружба oтец Тасило Доминик Лоренц.
Средбата помина во срдечна атмосфера разменувајќи мислења за развојот на Црквата во двете држави како и за ангажирањето на Црквата во општеството за социјално-хуманитарните потреби.
Отец Антон овие денови се наоѓа во Македонија на студиско патување, посетувајќи разни знаменитости низ Македонија.
к.мк
Категорија:
Uncategorized